Нашите ученици имаат помалку часови од врсниците во ЕУ, треба да се воведе поголем ред во образованието, изјави Јаневска
Јас сум многу среќна што грипот не достигна такви размери и што учениците можат денеска да го почнат второто полугодие од учебната година – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Во гостување на Македонската радио-телевизија претпладнево, таа кажа дека кај нас е „неопходно малку повеќе да се воведе ред“ затоа што нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава.
Пораката на министерката следува откако деновиве во јавноста беше актуелно прашањето дали ќе се продолжи зимскиот распуст поради пораст на бројот на заболени од грип.
Како што рече во интервјуто за МРТ1, сите можни истражувања, и во светот и кај нас, кажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи, толку е поголем нивниот резултат, односно толку повеќе знаење, вештини, компетенции стекнуваат.
-Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од нивните врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме. Но, ние, повозрасните, и родителите треба да знаат дека е неопходно да се почитува редот во образованието – додаде Јаневска.
Учениците денеска го почнаа второто полугодие од учебната 2025/2026 година, по тринеделниот зимски распуст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски ученици го освоија првото место на…
Македонски ученици го освоија првото место на…
Малолетник нападнат со метален предмет од тројца…
Во СВР Тетово синоќа бил пријавен случај…
Ученици фрлале со камења кон слоницата во…
Зоо негувателот Виктор вработен во скопската Зоолошка…
Средношколци нападнале соученик во Тетово со тврди…
На 03.04.2026 во 20:45 часот, М.Ј. (48)…
Тепачка меѓу соученици во виничко средно училиште
15-годишно дете било нападнато од соученици, информираат…