Минималната кошничка поскапа за 921 денар, сега е 66.413 денари
Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со декември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија.
Доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци изнесуваат 81.788 денари.
Од вкупните месечни минимални трошоци, 24.211 биле потребни за храна и пијалоци, а за подмирување на минималните режиски трошоци 6.338 денари.
Поради зголемените трошоци на живот, Синдикатот инсистира на минималец од 600 евра и по 100 евра зголемување на сите останати плати. Владата останува на ставот – за ова прашање, треба да се договорат синдикатот и работодавачите, водиме конструктивен социјален дијалог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1 јануари струјата поскапува за околу…
Од 1 јануари, цената на електричната енергија…
Бензините и дизелот повторно поскапуваат – ова…
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
ССМ: Слаб е ефектот од декемвриската кошничка
Разочарувачки се ефектите од новогодишната акција, тврди…
Фич: Нафтата следната година може да порасне…
Конфликтот на Блискиот Исток се заканува дека…
Цигарите поскапеа за 10 денари, два месеци…
Дел од цигарите во Македонија веќе поскапеа…