(Видео) Несекојдневна глетка: Човек ползи на пешачки премин во Скопје
Утрово снегот кој заврна повторно ги изненади надлежните иако во јануари тоа би требало да биде нормална временска појава.
Иако градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека денешниот снег не ги изненадил надлежните, сепак ситуацијата на терен е поинаква. Од утрово, главниот град е во целосен хаос, улиците и булеварите не се исчистени, градскиот јавен превоз е во тотален колапс, а граѓаните не можат да стигнат на работа или на училиште.
На социјалните мрежи се појави видео, кое навидум изгледа интересно, но за жал ја отсликува реалната ситуација во нашата „метропола“. На видеото се гледа човек кој ползи на пешачки премин, бидејќи поради условите кои ги изненадија надлежните, не може нормлано да ја премине улицата.
Во текот на денот очекувајте целосен текст на „Инфомакс“, за тоа колку пари плаќаме за да лазиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…