„Врие“ во Давос: Меркел, фон дер Лајен и Макрон нема да се сретнат со Трамп
Без САД сега ќе зборувавте германски и можеби малку јапонски – по војната го вративме Гренланд на Данска, колку глупави бевме, а колку неблагодарни се сега? Ваква порака испрати Доналд Трамп од Давос и побара веднаш да започнат преговори за преземање на Гренланд.
Со доцнење од три часа и во тензична атмосфера, откако Макрон, Мерц, Фон дер Лајен и други лидери ги напуштија Швајцарските Алпи, Трамп во својата воведна реченица порача дека се обраќа на пријатели и неколку непријатели и дека не ја препознава Европа.
Доналд Трамп претседател на САД: По војната, во која ние победивме, извојувавме голема победа, без нас, сега сите вие ќе зборувавте германски, а можеби и малку јапонски, по војната и го вративме Гренланд на Данска. Колку бевме глупави, што го направивме тоа, но го направивме тоа, го вративме назад, но колку неблагодарни се тие сега ?
Данска одби да присуствува на Светскиот економски форум, но порака со пцовка до Трамп, беше испратена од дански европратеник, од седиштето на Европскиот Парламент во Стразбур..
Андерс Вистисен европратеник од Данска: Дозволете ми да го кажам ова со зборови, кои вие ќе ги разберете. Господине претседателе од***и.
Претходно првиот човек на НАТО Марк Руте, кој се уште е во Давос, порача дека не сака да ги коментира тензиите и дека се работи зад сцената.
Марк Руте генерален секретар на НАТО: Бидете сигурни дека работам на ова прашање, зад кулисите, но не нможам тоа да го направам јавно. Така што извинете, немам коментар за Гренланд.
А шефицата на ЕК, се обрати од Стразбур и порача дека одговорот на Европа ќе биде одлучен и единствен.
Урсула Фон дер Лајен претседателка на ЕК: Европа сака дијалог и решенија, но целосно сме подготвени да дејствуваме, ако е потребно, со единство, итност и одлучност.
Кризата со Гренланд ја стави на тест и релацијата Макрон – Трамп. Откако Трамп на социјалните мрежи објави доверливи пораки, Макрон врати во саркастичен стил. Со очилата за сонце- кои не ги извади за време на целиот свој престој на Светскиот економски форум, Макрон држеше и говор.
Емануел Макрон претседатл на Франција: Ова е време на стабилнот и предвидливост….јасно е дека доаѓаме до време на нестабилност и нерамнотежа. Пасивно да се прифати законот на најсилниот, што води кон вазализација и блок политика. Мислам дека прифаќањето на еден вид нов колонијален пристап, нема смисла.
Канадскиот премиер Марк Карни, предупреди дека светот е во прекин, а не во транзиција.
Синоќа и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ја напуштила ексклузивната вечера во Давос откако американскиот министер за трговија Лутник почнал да зборува за Европа. Таа претходно порача дека се крева завесата на новиот светски поредок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Врие“ во Давос: Меркел, фон дер Лајен…
Без САД сега ќе зборувавте германски и…
Златото го сруши историскиот рекорд, стравот од…
Заканите поврзани со Гренланд и растечките геополитички…
Србија повторно одби санкции: Брисел го мери…
Србија повторно не се усогласи со најновите…
Обвинувања за Антикорупциска- оттаму негираат судир на…
Левица со сериозни обвинувања за Антикорупциската за…
Бомба на Ахмети: Со Мицкоски уште пред…
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вечерашното…