Дел од автобусите на ЈСП од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации
Станува збор за автобусите со број 11, 64, 74, 80 и 81. Во информацијата на ЈСП „Скопје“ што ја пренесе ЦУК не се наведени причините поради кои автобусите од овие линии нема да сообраќааат до крајните дестинации.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека мал број автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации.
Станува збор за автобусите со број 11 (од село Рашче до Транспортен центар), 64 (од Никиштани до Транспортен центар), 74 (од Долно Количани до Транспортен центар), 80 (од Маркова Сушица до Транспортен центар) и 81 (од Блаце до Транспортен центар). Во информацијата на ЈСП „Скопје“ што ја пренесе ЦУК не се наведени причините поради кои автобусите од овие линии нема да сообраќааат до крајните дестинации.
ЦУК ја објави информацијата во својот утрински извештај за состојбата со врнежите од снег во државата.
ЈСП „Скопје“ неодамна најави можно привремено редуцирање на одредени автобуски линии поради ниските температури и најавите за врнежи од снег во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…