161 РАБОТНИК ПОЧИНАЛЕ! 1.180 несреќи при работа во последните пет години – За работодавачите БЗР е трошок, не инвестиција!

t

За туѓи бели дворови, копај си црни гробови – „Денови“, дел од збирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин.

Над 200 несреќи при работа се случуваат годишно во Македонија во периодот од 2021 до 2025 година. Повеќе од десет случаи годишно завршуваат со смртен исход, намјногу смртни случаи имало во 2022 година, вкупно 18. Со тешки телесни повреди годишно завршуваат 60 до 80 работници, покажуваат официјалните податоци кои Инфомакс ги доби од Министерството за внатрешни работи.

Во 2021 година имало вкупно 213 случаи од кои 12 завршиле со смртни последици, 80 со тешка телесна повреда, 125 со телесна повреда. Во 2022 година од вкупно 232 случаи, дури 18 се со смртен исход, 61 со тешка телесна повреда и 147 со телесна повреда. Во 2023 година имало вкупно 264 случаи, што е најмногу во последните пет години, од нив 9 се со смртна последица, 76 со тешка телесна повреда и 184 со телеска повреда. Во 2024 година од вкупно 229 случаи, 10 завршиле со смрт на работникот, 71 со тешка телесна повреда, 147 со телесна повреда. Минатата 2025 година имало вкупно 242 случаи, 12 завршиле со смрт, 77 со тешка телесна повреда и 152 со телесна повреда.

Во продолжение систематизирани податоци за секоја година:

Извор: Министерство за внатрешни работи

Според Сојузот на Синдикати на Македонија најголем проблем е што има многу непријавени повреди и дел од работодавачите вршат притисок.

– Здруженијата за заштита при работа ги следат овие податоци. Инаку најголем проблем е што има непријавени повреди и нула професионални заболувања зашто е комплицирана процедурата за докажување. Од друга страна на годишно ниво во просек до сега се помеѓу 200 и 250 повреди при работа, но голем дел не се пријавуваат, работодавачите вршат притисок врз работниците да не пријават дека се повредиле при работа, па работниците не само што губат по основ на висината на боледувањето кое за повреда при работа е 100%, а за друго боледување од 70 до 90%, се случувало и да не им продолжат договор за вработување или да им дадат отказ ако не се способни да се вратат на работа.

Според ССМ, за работодавачите „безбедност и здравје при работа“ е трошок, а не инвестиција.

– Се уште работодавачите сметаат дека БЗР е трошок, а не инвестиција во вработените и опремата. Законот е недоследно следен од Државниот инспекторат за труд и слабо се казнува за тешки прекршоци на терен, велат од ССМ за Инфомакс.

Според нивните податоци, сектор број еден со најголем број на жртви е градежништвото, а по него земјоделството, има потреба од нов закон и правилници кои ќе се поприлагодени за наши услови и построги контроли и казни од спроведувачот на Законот.

Согласно Законот за безбедност и здравје при работа работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.

Работодавачот мора на секој вработен да му обезбеди соодветни обуки за безбедност и здравје при работа: при вработување, во случај на преместување на ново работно место, во случај на воведување на нова технологија или нови средства за работа и во случај на секоја измена на работниот процес која може да го промени нивото на безбедноста и здравјето при работа.

Од Министерството за економија и труд во одговор на прашањата на Инфомакс велат дека нова работна група за измени на Законот за безбедност и здравје при работа, како и на Законот за инспекција на труд.

– Во однос на Законот за безбедност и здравје при работа се планира оваа година да се започне со изработка на нов Закон за безбдност и здравје при работа. Ќе се формира работна група  во која ќе бидат вклучени сите релавантини чинители. На Законот за инспекција на труд  се работи , ќе има измени и истите ќе бидат во насока на усогласување на законот со  измените и дополувањата на Законот за инспекциски надзор бидејќи инспекторатите станаа органи во состав на Министерството за економија и труд, велат од Министерството за Инфомакс.

Дополнителен проблем е што речиси никогаш работодавачите не одговараат, односно нема кривичен процес откако вработен ќе го загуби животот, или ќе има тешка телесна повреда по несреќа на работно место. Исто така, голем дел од работодавачите не ја почитуваат законската обврска да обезбедат обуки за вработените, како и соодветна опрема за безбедност и здравје при работа.

За туѓи бели дворови, копај си црни гробови – „Денови“, дел од збирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин.

А.Петровска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

161 РАБОТНИК ПОЧИНАЛЕ! 1.180 несреќи при работа…

За туѓи бели дворови, копај си црни…

(Видео) БЕЗ ПЛАТА НЕМА РАБОТА! Протести на…

Вработените во Македонска Пошта денеска протестираат во…

(ВИДЕО) ССМ во среда излегува на протест!

Претседателот на Сојузот на синдикати на Макеоднија…

Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…

На 14.01.2026 во 23:30 часот  во с.Романовце, кумановско,…

Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…

На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…