Левица поднесе амандмани за Кривичниот законик, бараат казна и за дело сторено од небрежност
„Левица поднесе амандмани кон Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик предложен од пратеници од ДПМНЕ, насочени кон заострување на казнената политика за делата за злоупотреба на службената положба и овластувања и за несовесно работење во службата“, се вели во соопштението од Левица.
Од таму велат „иако ДПМНЕ овие измени сака да ги претстави како санација на штетните измени на Кривичниот законик од 2023 за кои тие обезбедија кворум и врз основа на кои измени застареа над 80 предмети и се амнестираа нивни функционери – фактички, малициозно, манипулативно тие ја ублажуваат казнената политика и го олабавуваат обемот од претходниот Кривичен законик. Дополнително, како што укажавме и претходно, со предложениот текст од ДПМНЕ, се создава правна рамка што овозможува побрзо застарување, поблаги санкции и реална можност за условни казни за најтешките форми на корупција“.
„Поднесените амандмани од Левица се во насока на укажувањата на Уставниот суд и потребата од заострување на казнената политика за кривичните дела сторени од страна на службени и одговорни лица кои вршат јавни функции, имајќи предвид дека искуството ни покажува дека истите често се склони кон злоупотреби за време на вршење на својот мандат. Имено, наместо предложената екстензивна одредба која намерно предвидува дупки во злоупотребата на службената положба при вршењето на јавни набавки, Левица предложи зголемување на казната и враќање на старата одредба која едноставно го опфаќа секој елемент од злоупотребата при овој процес, а предложи и прибавената имотна корист при злоупотребите на позицијата да биде одземена“ е ставот на Левица.
Сметаат дека „за делото „Несовесно работење во службата“, покрај заострувањето на казните, Левица амандмански предложи и министрите, директорите, односно службените лица од органите на државната управа да одговараат, што не е предвидено во измените предложени од пратениците од ДПМНЕ. Кон ова, во амандманот се предлага казнување и доколку делото е сторено од небрежност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе амандмани за Кривичниот законик, бараат…
„Левица поднесе амандмани кон Предлог-законот за изменување…
Левица: Државна лотарија како мегафон на власта
„Злоупотребите на Државна лотарија продолжуваат и под…
Левица: Со увоз на евтина работна сила,…
„Одлуката на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски…
Левица: Синот на газда Деко поднел приватна…
Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов –…
Левица: Центарот за социјални работи во Тетово…
Скандалот во Центарот за социјални работи во…