Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц
Германската полиција спречи напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во хангар во градот Арнсберг, објави канцеларијата на државниот обвинител.
Добивај вести на вибер
„Во ноќта од среда кон четврток, полицијата спречи три лица да се обидат да го оштетат приватниот спортски авион на германскиот премиер“, објави канцеларијата на државниот обвинител во Арнсберг, каде што се наоѓа приватната адреса на Фридрих Мерц.
Во соопштението од групата што ја презема одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, влегле на аеродромот Арнсберг-Менден без овластување, но полицијата спречила оштетување на авионот, кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска активистка за климатски промени Ања Виндл. По акцијата, групата „Отпор колектив“ исто така издаде соопштение во кое ја презема одговорноста за обидот за напад.
„Се обидовме, како дел од протестот, да го онеспособиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. И додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се вози во приватен авион“, се вели во соопштението на групата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Михаилов: Ова што ни се случува на…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…