Со гаранција во недвижен и движен имот од речиси 5 милиони евра Борче Марковски е пуштен од притвор, дознава Телма
Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски е пуштен од притвор, дознава Телма.
Неофицијално гаранцијата која што ја дал дека нема да бега е речиси 5 милиони евра во недвижен имот куќа со двор во Битола и три стана исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“, каки движен имот и тоа возила – 25 булдужери и камиони, сопственост на „Марковски компани“.
Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање. Судот донел одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот и на Марковски привремено му е одземен пасошот.
Од обвинителството за Телма ја потврдуваат информацијата и велат дека дале и приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет од битолскиот суд, бидејќи сметале дека Апелација треба да одлучува.
Решението веќе е доставено во Обвинителството.
Во јануари годинава битолското обвинителство поднесе обвинение против сопственикот на Марковски компани Борче Марковски и уште двајца вработени во фирмата, како и против петмина поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои и поранешниот директор Пеце Матевски.
Тие се товарат за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од рудникот Осломеј во рудниците во Битола вреден 106 милиони денари, односно 1,7 милиони евра. Код уште во мај минатата година објави дека парите биле исплатени, но погонските станици не биле монтирани.
Според истражувањето на Код, тендерот за дислокација, на 14 февруари 2024 го добива Марковски компани, која е и единствен понудувач. Има рок од една година да ги демонтира шесте станици, секоја голема колку трикатна куќа и тешка 80 тони, да ги пренесе и да ги монтира на две локации во рудниците во РЕК Битола каде што ќе бидат пуштени во употреба. Како гаранција за навремено завршување на работите, оставаат банкарска гаранција од 5 отсто од вредноста на договорот, односно околу 73 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со гаранција во недвижен и движен имот…
Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул…
Маж пикнал тинејџер во гепек – го…
На автобуска постојка во скопски Аеродром, непознат…
Пратениците верни на Филипче: Негираат дека некој…
Повеќето пратеници со кои контактираше „Слободен печат“…
Агелер во прошталното писмо до граѓаните:„Бидете здрави,…
На заминување, по три години дипломатска служба…
„Ако постојат вонземјани, само јас знам“: Илон…
Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, за…