Путин ќе донира 1 милјарда долари за „Одборот за мир“ на Трамп, ако САД ги одмрзнат руските средства

t

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за можноста за донирање на 1 милијарда долари на „Одборот за мир“ на претседателот Доналд Трамп, но под услов САД да одмрзнат дел од средствата на Русија. Кремљ во петокот соопшти дека Путин разговарал за ова прашање со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, објави Си-ен-ен.

Советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, им го разјасни ставот на Русија на новинарите.

„За време на разговорите во Одборот за мир, беше нагласена нашата подготвеност да насочиме 1 милијарда долари во буџетот на оваа организација од руски средства замрзнати од претходната американска администрација“, рече Ушаков.

Тој додаде дека преостанатите средства од овие резерви, замрзнати по руската инвазија на Украина во 2022 година, „можат да бидат насочени кон обнова на териториите погодени за време на борбите“. Според него, ова би се случило само откако „ќе се склучи мировен договор меѓу Русија и Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе донира 1 милјарда долари за…

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за можноста…

САД денеска официјално излегуваат од СЗО

САД денес се повлекуваат од Светската здравствена…

Медиуми: Канада се подготвува за евентуална американска…

Канадската војска подготвува сценарија за герилска војна…

Трамп го покани хрватскиот премиер Пленковиќ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп го покани хрватскиот…

Кина: Трамп нè покани во Комитетот за…

Кина денес соопшти дека САД ја поканиле…