Филков за случајот со судијата Ристов – скандалот со 350 илјади евра е симбол на огромна системска слабост
Скандалот со пронаоѓањето на 350 илјади евра на апелациониот судија Ѓоко Ристов, го поттикна министерот за правда Игор Филков критички да се осврне на состојбата во правосудниот систем. Тој истакна дека ваквите појави во кои се замешани судии и обвинители не смеат да се релативизираат или да се затскриваат и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор тогаш граѓани прашуваат каде е правдата, рече тој.
-Случајот со апелациониот судија кај кого беа пронајдени 350 илјади евра скриени заѕидани во ѕид не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост, симбол на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита што предолго ја разјадува довербата во правосудниот систем. Овој случај дополнително ја нарушува довербата во целото судство и ја доведува под сомнеж функцијата судија којашто треба да е во служба и во интерес на граѓаните и правдата, вели министерот за правда, Игор Филков.
Покрај во судството, Филков утврди дека загрижувачка е состојбата и во Обвинителството, како што е недоволна ефикасност, ограничени капацитети и недостиг на решителност во справувањето со најтешките облици на криминал. Рече дека во Министерството се подготвуваат конкретни мерки за надминување на системските слабости во правосудството, а особено се задржа на недостигот на кадар.
-Наодите меѓу другото јасно укажаа на сериозен недостаток на кадар. Пополнетоста на судските места изнесува околу 67 посто, додека пополнетоста на судската служба е само 36 посто. Овие бројки не се апстрактни статистики, тие значат одложени рочишта, натрупани предмети, преоптоварени судови и сериозен ризик за повреда на фер судење, вели министерот за правда, Игор Филков.
Министерот Филков потсети дека е донесен нов Закон за Судски совет, како и дека наскоро треба да бидат изгласани и Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот на јавните обвинители, како и дека новиот Кривичен Законик и Законот за кривична постапка се во финална фаза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков за случајот со судијата Ристов –…
Скандалот со пронаоѓањето на 350 илјади евра…
Протест на „Макам-транс“ на граничните премини, товарниот…
Министерството за внатрешни работи – Оддел за…
Николоски: Новите правила за транспортерите можат целосно…
Година дена алармираме за проблемот со транспортерите…
Стојаноска потврди дека преговарале со Ахмети: Само…
„Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски…
Фирма од Новаци го оштетила РЕК Битола…
Кривична пријава против управител на правно лице,…