Сопственикот на барот каде загинаа 40 лица, излезе од притвор со гаранција од 200.000 швајцарски франци
Сопственикот на барот во швајцарскиот ски центар Кран Монтана, во кој загинаа 40 лица во пожар за време на новогодишна забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот.
Жак Морети е пуштен на условна слобода, соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале.
Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право да ја напушти земјата, должен е секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција.
Судот соопшти дека на сметката на обвинителството се уплатени 200.000 швајцарски франци, наводно од негови блиски пријатели. Слични услови важат и за неговата сопруга Џесика.
Според првичните истраги, за време на новогодишната забава во барот „Le Constellation“, прскалките ја запалиле пената на таванот, по што пожарот се проширил исклучително брзо.
Во пожарот загинаа 40 лица, меѓу кои и голем број малолетници. Вкупно 116 лица беа повредени, од кои 80 со тешки изгореници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Швајцарија разгледува такса за странски работници
Швајцарскиот Совет на кантоните, горниот дом на…
Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални
Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…
Силно невреме ја погоди Швајцарија, град со…
Силно невреме проследено со град погоди делови…
Швајцарците ја отфрлија иницијативата за ограничување на…
На денешниот референдум, граѓаните на Швајцарија најверојатно…
Швајцарија сака да го ограничи бројот на…
Во Швајцарија се дискутира за горната граница…