Ѓоковиќ е првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите
Србинот Новак Ѓоковиќ постигна огромен подвиг победувајќи го Ботик ван де Зандшулп од Холандија со 6:3, 6:4, 7:6 во третото коло на Австралија опен. Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата со 400 победи на грен слем турнирите.
На оваа вечна листа второпласиран е Рожер Федерер од Швајцарија со 369 победи, а трет е Шпанецот Рафаел Надал со 314.
Победата, исто така, донесе дополнително значење во Мелбурн, каде што Ѓоковиќ го изедначи рекордот на Федерер од 102 победи на Австралија опен.
Ван де Зандшулп го изненади Ѓоковиќ на турнирот АТП Мастерс 1000 во Индијан Велс минатата година, израмнувајќи го нивниот рекорд во меѓусебните средби на 1:1.
Сепак, 30-годишниот Холанѓанец, кој е 75-ти на АТП ранг-листата, сега немаше шанси против Ноле, кој моментно е четврти во светот. Ѓоковиќ го чека победникот од мечот помеѓу Јакуб Меншик и Итан Квин во четвртото коло.
Пласман во следната фаза обезбеди и Јаник Синер (Италија) кој со 3:1 во сетови 3:6, 6:3, 6:4 и 6:4 го елиминираше Американецот Елиот Спицири.
За пласман во четвртфиналето, Синер ќе игра против неговиот сонародник Лучано Дардери кој со 7:6 (5), 3:6, 6:3 и 6:4 беше подобар од Карен Хачанов. Победи забележаа и Л. Музети, Б. Шелтон и Т. Фриц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…