Трамп: САД ја преземаа нафтата од запленетите венецуелски танкери
Соединетите Американски Држави ја презеле нафтата која се наоѓаше на танкерите поврзани со Венецуела што неодамна беа запленети од американските сили, и таа нафта ќе се преработува во американски рафинерии, изјави денеска претседателот Доналд Трамп за New York Post.
„Да го кажеме вака: тие немаат нафта. Ние ја земаме нафтата. Нафтата се рафинира на различни места, вклучително и во Хјустон“, рече тој, според Ројтерс.
Американската војска претходно соопшти дека запленила уште еден танкер поврзан со Венецуела во Карипското Море на 20 јануари, седмо такво запленување откако Трамп ја започна својата кампања за контрола на венецуелската нафта.
Јужната команда на САД, која надгледува повеќе воени бродови и илјадници војници во регионот, изјави дека моторниот брод „Сагита“ бил запленет „без инциденти“.
Во тоа време беше објавено дека запленувањето на танкер кој се обидувал да ги заобиколи санкциите ја покажува решеноста на САД да обезбедат единствената нафта што ја напушта Венецуела да се извезува на координиран и законски начин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…
Мнозинството граѓани во САД и во Канада…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…