Орбан: На изборите ќе се одлучува „Унгарија да не стане должнички роб“ поради војната во Украина

t

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска изјави дека на парламентарните избори закажани за април годинава ќе се одлучува „Унгарија да не стане должнички роб поради финансирање на руско-украинската војна“. Во своето обраќање тој ги повика граѓаните на Унгарија да се спротистават на тоа „да плаќаат за работата на Украина наредните 10 години“.

Според Орбан ако Украина стане членка на ЕУ тогаш ЕУ „ќе биде во директен конфликт со Русија“. Унгарија според Орбан се спротиставува на кандидатурата на Украина за влез во ЕУ „за да не си наштети“.

Според него, Унгарците на изборите може да кажат „не“ на понатамошното финансирање на руско-украинската војна и на кандидатурата на Украина за членство во Европската Унија, што се позиции за кои се залага неговата партија Фидес, пренесува МТИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…