Објавено на:

Песков: Ни Русија ни САД нема да разговараат со Калас, ќе почекаме да си оди

t

Москва денеска ја отфрли можноста за разговори со шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, за прекин на војната во Украина, оценувајќи ја неа и раководството на Европската Унија како „неспособни“. На раководството на ЕУ му недостасуваат визионери кои знаат како да планираат и да ги видат последиците во иднина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Индекс.хр.

Ова се некои необучени, некомпетентни функционери кои не гледаат во иднината и не се во можност да го разберат денешниот координатен систем, рече Песков.

Песков беше особено критичен кон Калас, поранешната естонска премиерка.

Никогаш нема да разговараме за ништо со неа, а тоа нема да го направат ниту Американците, рече тој, додавајќи дека Москва ќе почека додека таа не ја напушти функцијата.

Песков го изјавил ова по разговорите меѓу украинските и руските претставници, кои, со присуство на американски медијатори, се одржаа во петокот и саботата во Обединетите Арапски Емирати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…