Сообраќајна несреќа во тетовско помеѓу три возила, три лица се потешко повредени

t

На 25.01.2026 во 22:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во близина на влез за с.Непроштено, се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувани од Е.С.(25) од с.Слатино, А.И.(55) од с.Доброште и А.Ј.(19) од с.Слатино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.С. и неговиот сопатник Б.С.(36), кои по укажаната помош во Клиничка болница Тетово, поради сериозноста на повредите се префрлени во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и Ш.В.(45) од с.Доброште, сопатничка во возилото „голф“ управувано од А.И., кој се здобил со телесни повреди. Со телесни повреди се здобил и возачот А.Ј. од с.Слатино, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во координација со јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тепачки и закани го одбележале вчерашниот ден…

Два одделни инцидента се случиле за само…

Уапсен 82 годишник, ја тепал сопругата подолг…

На 20.08.2026 во 15:05 часот во Велес,…

Тепачка во угостителски објект во Тетово –…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…

Пензионер од Охрид му вперил пиштол на…

73-годишен охриѓанец ќе одговара за две сериозни…

Лажен лекар од Штип измамил жена за…

Лажен лекар од Штип доби кривична пријава…