Зеленски: Енергетската ситуација во Киев е исклучително тешка, околу 1.200 згради се без греење
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека енергетската ситуација во Киев е сè уште исклучително тешка, особено на левиот брег на Дњепар, и дека повеќе од 1.200 станбени згради се без греење.
– Одржан е посебен состанок и поднесени се извештаи за состојбата во регионите каде што енергетската ситуација е најтешка. Тоа се, пред сè, Киев и Киевската област, Харков и целата Харковска област, Черниговската област, Сумската област, Дњепарската област и Запорожје, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Украинскиот претседател потврди дека за време на состанокот најмногу внимание и време му било посветено на Киев.
„Екстремно тешки околности во Киев: повеќе од 1.200 станбени згради во градот се уште се без греење“, се вели во објавата на украинскиот претседател.
Тој изјави дека разговарал со локалните власти и членовите на владата за тоа како да се добие помош што е можно поскоро.
– Досега, сите дискутирани рокови не можат да се сметаат за задоволителни, потребно е да се дејствува побрзо, истакна Зеленски и додаде дека има значителен број луѓе на кои итно им е потребна поддршка, особено во Дарница и други области од левата страна на Киев.
Зеленски, исто така, им наложи на украинскиот премиер Денис Шмихаљ и на министерот за финансии Сергеј Марченко да ги анализираат можностите, особено за Киев, итно да се набави сè што е моментално потребно за алтернативно снабдување со електрична енергија и греење.
Според претседателот на Украина, Шмихаљ, кој е и министер за енергетика, е во постојана комуникација со партнерите и заедно со локалните власти треба да ја утврдат листата на дополнителна помош за Украина и можноста за нејзино добивање во наредните денови и недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите и оваа година ќе добиваат 840…
За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…
Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…
Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…
Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…
Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…
Почина бизнисменот Огњан Циговски
По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…
Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…
Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…