Стопанска комора: Проблемот со системот ЕЕС да се решава институционално наместо со блокади на граничните премини

t

Стопанската комора смета дека решавање на проблемот со системот ЕЕС треба да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини за, како што велат, да не се случи колапс на целата економија во државата и во регионот на Западен Балкан.

По најавата на транспортните превозници дека од денеска во наредните седум дена ќе почнат со блокади на граничните премини, од Стопанската комора велат дека ако се наруши протокот на стоки на премините со Европската Унија на само еден ден, а камоли на една седмица, губитници ќе бидат не само превозниците во меѓународниот патен сообраќај, туку и сите деловни субјекти вклучени во надворешнотрговската соработка.

„Минатата недела, Стопанската комора заедно со коморите од Западен Балкан, упати заеднички апел до претседателката на Европската комисија во кое укажавме дека очекуваме земјите членки да усвојат привремени мерки овозможувајќи им на професионалните возачи непречено да го вршат меѓународниот патен транспорт, сè додека не се воспостави трајно и системско решение. Ваквиот пристап би бил во заеднички интерес на ЕУ и Западен Балкан и би претставувал јасен сигнал за веродостојна посветеност на интеграцијата на регионот и зачувувањето на функционирањето на синџирите на снабдувањe. Моменталниот пристап е неконзистентен со целите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и тешко е да се усогласи со нашите заеднички напори за понатамошно интегрирање на економиите на регионот во Единствениот пазар на ЕУ“,велат од Стопанската комора.

Засега, оценуваат од Комората, никој не може да каже колкави ќе бидат загубите бидејќи ќе бидат по повеќе основи – пенали за задоцнета испорака, откажување договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство поради недостаток на суровина. Но, сигурно е, додаваат од Стопанската комора, дека загубите ќе бидат од големи размери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…