Објавено на:

Орбан ја обвинува Украина за мешање во унгарските избори

t

Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговори во врска со наводното мешање на Украина во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Орбан рече дека „украинските лидери, вклучувајќи го и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле навреди и закани кон Унгарија“.

Во објава на социјалната мрежа „X“, тој додаде дека унгарските безбедносни служби заклучиле дека ова е координиран обид за влијание врз изборите и дека побарал од министерот за надворешни работи Петер Сијарто да го повика амбасадорот на разговори.

Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски рече дека „секој Виктор кој живее од европски пари додека се обидува да продава европски интереси заслужува шамар по шапката“, што Орбан го протолкува како директна порака до Унгарија.

Украинските власти сè уште не ги коментираа обвинувањата на Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан ја обвинува Украина за мешање во…

Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на…

И во 2022 г. преку протест и…

Зголемување од 12 000 денари нето е…

(Видео) „Европа мисли дека Америка ќе и…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за…

Нафтата на светските берзи незапирливо расте

Цената на суровата нафта порасна за осум…

(Видео) „Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…