Најмалку 20 жртви од снежната бура што ги зафати САД
Најмалку 20 лица го загубија животот како последица на силната снежна бура и екстремниот студ што зафати голем дел од САД, јавуваат американските медиуми.
Според информациите, осум смртни случаи се регистрирани во државата Њујорк од петокот наваму, додека останатите се пријавени во Тенеси, Луизијана, Масачусетс, Канзас и Пенсилванија, пренесува Би-Би-Си.
Во Тексас, 16-годишно девојче го загуби животот во несреќа додека се санкашe, соопшти локалната полиција.
Поради силното невреме, повеќе од 860.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а откажани се околу 12.000 авионски летови низ земјата, информираат американските власти.
Под предупредување за опасно ниски температури се наоѓаат околу 185 милиони луѓе во централниот и источниот дел на САД.
Во одделни региони температурите се спуштија и до –35 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 20 жртви од снежната бура што…
Најмалку 20 лица го загубија животот како…
Обама: Убиствата во Минеаполис се повик за…
Убиството на Алекс Прети е трагедија што…
Зеленски: Договорот за безбедносни гаранции од САД…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјавил дека…
Околу 20 држави во САД прогласија вонредна…
Повеќе од 180 милиони луѓе се подготвуваат…
Песков: Ни Русија ни САД нема да…
Москва денеска ја отфрли можноста за разговори…