Германија нуди еден милион евра за инфромации за сторителите на енергетската саботажа во Берлин
Федералната влада во Германија нуди награда од еден милион евра за информации што ќе доведат до идентификација на одговорните за саботажата на електричната мрежа во Берлин, што резултираше со петдневен прекин на електричната енергија за десетици илјади домаќинства во првите денови од годината.
Според радиотелевизијата Берлин-Бранденбург (rbb), големината на износот ја нагласува важноста што владата ја придава на истрагата на инцидентот, но е и индикација дека сè уште нема докази за сторителите. Одговорноста за нападот ја презеде крајно левичарската организација Вулкан, која во минатото предизвикуваше прекини на електричната енергија, иако не толку обемни како најновиот.
Градот Берлин и федералната влада како целина беа жестоко критикувани за нивниот неуспех да ја заштитат критичната инфраструктура, а рекордно високата награда за сторителите ја потврдува критичноста на случајот.
На пример, по нападот со камион на божиќниот пазар во Берлин во 2016 година, властите понудија награда од 100.000 евра за информации за сторителот, додека во 2019 година понудија 500.000 евра за информации за грабежот на музејот во Дрезден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…
Во рудниците за бакар се потребни нови…
Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…
Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…