„Сејф сити“ пред Уставен суд: Оформени два предмети!
Подносителите сметаат дека е спорно наметнувањето законска обврска секој граѓанин да поседува мобилен телефон и електронска адреса за да може да прима известувања за прекршоци.
Во иницијативата се тврди дека системот не го почитува Уставот и Законот за употреба на јазиците, бидејќи не е предвидена двојазичност при електронската комуникација.
Се наведува дека граѓаните се ставени во неравноправна положба бидејќи системот се спроведува само во Скопје, Тетово и Куманово, со што, според подносителите, албанското население е ставено „под лупа“.
Иницијатива од Или Пачуку (У.бр.26/2026) Втората иницијатива се фокусира на територијалната селективност и нејасните критериуми за примена на системот:
Подносителот Или Пачуку тврди дека постои различен третман на граѓаните врз основа на географската локација, бидејќи идентични прекршоци во одредени градови се санкционираат автоматски преку електронски систем, додека во други делови од државата не подлежат на ист степен на контрола.
Спорна е и таканаречената „пилот-фаза“ на проектот, која според подносителот е временски неограничена и нејасна.
Се посочува дека не е познато по кои критериуми се избрани токму овие градови за примена на системот.
Од Уставниот суд информираат дека предметите се формирани поради поголем јавен интерес и новинарски прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…
Сопственик на фирма за технички преглед на…
Управител на друштво за технички прегледи на…