Последни подготовки за утрешниот протест на работниците

t

Синдикатите утре излегуваат на протест. Бараат 100 евра зголемување на сите плати во државата и 600 евра минималец. Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека очекуваат голема поддршка од работниците, кои иако, според нив, имаат многу закани од работодавачите, сепак самоиницијативно веќе се организираат за да дојдат на протест.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов објасни дека револтот е поради негрижата на Власта за приходите на работниците но и неправедната разлика меѓу работничките и функционерските плати. Тој порача дека рамо до рамо со работниците ќе излезат само синдикатите кои се борат за работничките, а не за функционерските плати.

Не го поддржуваат Сојузот на синдикати на Македонија, ги поддржуваат нивните членови кои патем не знаеме ни зошто им се членови. Се бориме 6000 ден да се зголемат платите на членовите на КСС, кое не сака да се бори за зголемување на платите а нејзиниот претседател дава изјави дека малку се зголемиле функционерските плати и дека треба уште повеќе да се зголемат. Тие се борат за функционерите затоа што уживаат да се нивни миленичиња, ние се бориме за работниците. Разликата е голема.

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски пак во вчерашното гостување на Телевизија 24 кажа дека таму каде што дејствува Конфедерацијата има постојан дијалог и покачување на платите. Според него, од октомври 2024 година се зголемуваат платите во јавниот сектор.

Од 2024 година од октомври месец, платите во јавниот сектор почнувајќи од образование се зголемени преку 20% што за нив е мисловна именка беше да го направат тоа во минатото. Исто во здравството, се зголемија 7 па се зголемија 5 и сега ќе се зголемат пак 7%. Повторно за година ипол тоа е преку 20% зголемување.

Протестот на Синдикатите е закажан за утре во 17 часот пред Работничкиот дом. Оттука протестот ќе продолжи кон Собранието, Стопанската комора и Владата. Од Синдикатите најавија дека доколку не бидат испочитувани нивните барања ќе продолжат со протести но и со генерален штрајк во цела држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последни подготовки за утрешниот протест на работниците

Синдикатите утре излегуваат на протест. Бараат 100…

(Видео) Во Тирана е уапсен македонски државјанин,…

Државјанин на Македонија, по кого била распишана…

Граѓаните ќе плаќаат и до 2.000 евра…

Европската Унија најави построги правила за извоз…

Ташев за блокадите на македонските камионџии: „Станете…

Бугарскиот професор и историчар Спас Ташев се…

Протест пред УЈП во Тетово, се бара…

Пред Регионалната дирекција на Управата за јавни…