Левица дава безрезервна поддршка за протестот на работниците: Плата за достоинствен живот – веднаш
Партијата Левица изрази целосна и недвосмислена поддршка за утрешниот протест на работниците во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), потенцирајќи дека нивните барања за зголемување на платите се оправдани, легитимни и неопходни во услови на постојан раст на трошоците за живот.
Од Левица посочуваат дека речиси две години по доаѓањето на власт на ДПМНЕ, состојбата на работниците останува непроменета, а граѓаните и натаму едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот. Според партијата, ваквата реалност е во целосна спротивност со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за економски раст и стабилност.
„Трошоците за живот постојано растат, додека платите стагнираат. Работниците веќе немаат време за чекање, а Владата мора итно да преземе конкретни чекори за подобрување на нивниот економски статус“, велат од Левица.
Во соопштението се упатува и остра критика кон владејачката коалиција ДПМНЕ–ЗНАМ–ВРЕДИ, која, според Левица, работи исклучиво во интерес на бизнис елитите, а не во корист на граѓаните. Од партијата порачуваат дека премиерот мора да избере дали ќе ѝ служи на крупниот капитал или ќе ја извршува својата функција во заштита на работниците и социјално ранливите категории.
Потсетуваат дека Левица минатата година поднела Предлог-закон со кој се предвидуваше зголемување на платите за најмалку 100 евра, со што минималната плата ќе достигнеше 500 евра. Овој предлог, како што наведуваат, бил експресно одбиен од владејачкото мнозинство, со што директно им било излезено во пресрет на интересите на бизнис секторот.
„Платата мора да овозможи достоинствен живот. Затоа, Левица ќе продолжи да ги поддржува сите форми на синдикална и граѓанска борба, и од улиците и од институциите“, порачуваат од партијата.
Левица апелира Владата конечно да ги слушне гласот и потребите на работниците и да преземе суштински мерки за подобрување на животниот стандард во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица дава безрезервна поддршка за протестот на…
Партијата Левица изрази целосна и недвосмислена поддршка…
Минчев: ЗНАМ е коректор во Владата
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша…
Рејтинот на Трамп падна на историско ниско…
По настаните во Минеаполис, рејтингот на американскиот…
Последни подготовки за утрешниот протест на работниците
Синдикатите утре излегуваат на протест. Бараат 100…
(Видео) Во Тирана е уапсен македонски државјанин,…
Државјанин на Македонија, по кого била распишана…