(Видео) Во Тирана е уапсен македонски државјанин, баран за тројно убиство во земјава извршено во 2007 година

t

Државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница за тројно убиство во земјава е уапсен во Тирана, Албанија по неколкумесечна интензивна истрага и претрес спроведена од полицијата.

Станува збор за 52-годишниот Бесим Ш., кој долго време се криел во Тирана користејќи фалсификувани лични документи на име на граѓани од Косово. Апсењето го извршила тамошната Дирекција на силите за специјални операции при Одделот за криминалистичка полиција, како дел од 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативна полиција“, пренесува приштински „Репортери“.

Според наведеното, Б.Ш. е осомничен дека убил тројца граѓани со огнено оружје на 5 октомври 2007 година во селото Копаница, скопско.

За време на физичкиот претрес и претресот на станот на македонскиот државјанин, албанската полиција пронашла и запленила косовски пасош, лична карта и возачка дозвола – сите фалсификувани. Поради кривичното дело „Фалсификување исправа“, процесните материјали се проследени до Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Тирана за понатамошна постапка.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопјe, ја продолжува постапката за екстрадиција на Б.Ш. во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…

Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

„Фемицидот мора да се спречи пред да…

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…

Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…

Претставници на Студентската листа, која победи на…

Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…

Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…