Минчев: ЗНАМ е коректор во Владата

t

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во гостувањето на Топ Тема порача дека учество во Владата има една цел – да биде коректор на политиките и гаранција дека реформите ќе се спроведуваат во интерес на граѓаните и државата.

„Во Владата влеговме со јасни услови. Првиот и клучен услов беше ДУИ да биде надвор од Владата – како главен кочничар на реформските процеси заедно со СДСМ“ – истакна Минчев.

ЗНАМ има активна корективна улога во повеќе чувствителни области: вработувањата во јавната администрација, употребата на дигиталната алатка „Балансер“, примената на знамето на етничките заедници и заштитата на државните симболи.

Партијата инсистира на строга примена на законите, транспарентни вработувања и целосно почитување на јавниот интерес.

„ЗНАМ е коректор на начинот на кој се носат и спроведуваат одлуките во јавната администрација. Нема враќање на старите модели и партиските вработувања“ – нагласи тој.

Како дел од Владата, ЗНАМ поддржува силен инфраструктурен и капитален инвестициски циклус, јасна динамика на изградба на автопатишта и реална децентрализација на општините со конкретни проекти за граѓаните.

Во однос на националните прашања, Минчев потенцираше дека македонските национални интереси не се предмет на трговија.

„Нашиот став за уставните измени и внесувањето на Бугарите стана државен став – без јасни европски гаранции нема уставни промени“ – заклучи Минчев

Движењето ЗНАМ останува доследно на Националната платформа за обединување и нема да дозволи отстапки што ја загрозуваат државата и националниот идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минчев: ЗНАМ е коректор во Владата

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша…

Рејтинот на Трамп падна на историско ниско…

По настаните во Минеаполис, рејтингот на американскиот…

Последни подготовки за утрешниот протест на работниците

Синдикатите утре излегуваат на протест. Бараат 100…

(Видео) Во Тирана е уапсен македонски државјанин,…

Државјанин на Македонија, по кого била распишана…

Граѓаните ќе плаќаат и до 2.000 евра…

Европската Унија најави построги правила за извоз…