Атанасоски: Младите си заминуваат, а во Македонија има околу 300 илјади празни стамбени единици

t

Аналитичарот Благојче Атанасоски во подкастот „Почетна пресметка“ укажа на сериозен дисбаланс помеѓу демографските трендови и интензивната станбена изградба во земјава, нагласувајќи дека Македонија се соочува со парадокс – масовно иселување и истовремено илјадници празни станови и куќи. Според Атанасоски, податоците од последниот попис од 2021 година покажуваат фрапантни бројки кои, како што вели, дури и треба дополнително да се проверат.

„Се споменува бројка од околу 300 илјади празни стамбени единици во државата“, истакна тој, појаснувајќи дека под поимот стамбена единица не се подразбираат само класични станови, туку и куќи.

Тој додаде дека од вкупната бројка, околу 60 илјади празни стамбени единици се наоѓаат само во главниот град Скопје, што, според него, дополнително го отвора прашањето за оправданоста на градежниот бум. „Не сакам никого да навредам, но премногу згради се изградија.

Премногу станови се изнакупија и стојат празни“, рече Атанасоски во подкастот, нагласувајќи дека ваквата состојба е во целосна спротивност со економската реалност во која живее најголем дел од населението. Тој потсети дека Македонија често се вбројува меѓу најсиромашните држави во Европа, со најниски плати, кои во просек се пониски и од оние во повеќето соседни балкански земји.

„Зборуваме за низок животен стандард, ниски плати и невработеност од околу 11 проценти, а во исто време имаме огромен број празни станови“, потенцираше Атанасоски.

Според него, ваквата состојба отвора суштински прашања за економската логика на пазарот на недвижности и за тоа за кого всушност се градат новите станбени објекти, во услови кога младите масовно ја напуштаат државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска…

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска…

Вечерва ќе се прска против комарци на…

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…

Теле било спасено на Китка, ама директорот…

Навистина е спасено теле во пожарот на…

Пожар кај Пробиштип се шири во близина…

Сериозен пожар попладнево избувна во селото Гујновце,…

Иранската државна телевизија емитувала закани до синот…

Иранската државна телевизија емитуваше сегмент на Канал…