Мицкоски: Ако треба Владата да падне поради „Сејф Сити“, подготвен сум на тој ризик

t

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21, зборувајќи за проектот „Сејф Сити“, истакна дека е подготвен да понесе ризик дури и да падне владата за проектот.

Мицкоски кажа дека целта не е да се наплаќаат казни, туку да се спасуваат човечки животи.

„Целта не е да се наплатат казни. Затоа што како прво има толеранција, ако се вози 5 километри повеќе, нема да има казни. Ако возите повеќе од 10, ќе бидете казнети. Но, повторно ќе кажам целта не се казни, туку да се делува едукативно и превентивно. Ако треба оваа влада да падне за Сејф Сити, а потоа да дојде друга влада и да го укине, и да вози кој како си сака, тогаш во ред, подготвен сум тој ризик да го понесам“, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…