Уапсени се сопственикот и двајца раководители по смртоносната експлозија во грчката фабрика
Полицијата во Трикала во вторникот ги уапси сопственикот, раководителот за безбедност и раководителот на смена во фабриката за бисквити „Виоланта“, каде што, во експлозија и во пожар, загинаа петмина работници, објави „Катимерини“.
Против тројцата се поднесени обвиненија, меѓу кои и за тешко дело против општата безбедност со смртни последици, предизвикување експлозија, предизвикување пожар од небрежност и за нанесување телесни повреди.
Претходно, преживеаните од експлозијата почнаа да даваат искази пред истражителите од противпожарната служба, кои го испитуваат случајот. Првичните индиции укажуваат дека експлозијата можеби била предизвикана од истекување на пропански гас, а еден од вработените им изјавил на истражителите дека непосредно пред експлозијата, рано во понеделникот, во фабриката се чувствувал мирис на гас.
Во меѓувреме, „Катимерини“ дознава дека истрагата на Дирекцијата за истраги на кривични дела поврзани со пожари (ДАЕЕ), која се спроведува во соработка со назначени експерти, утврдила дупка на цевките во подрумот на производствениот дел каде што се случила експлозијата. Преку тие цевки пропанскиот гас се транспортирал од надворешните резервоари до печките во фабриката.
Како што претходно објави „Катимерини“, од истрагата произлегле две нови клучни информации во врска со причините за експлозијата во фабриката за бисквити.
Првата е дека двајцата експерти назначени од ДАЕЕ официјално изјавиле дека експлозијата „можела да биде предизвикана исклучиво од истекување на пропан“.
Вториот важен доказ произлегува од изјавите на сведоци, меѓу кои и на работници од фабриката кои не биле повредени. Еден од нив, наводно, сведочел дека пред експлозијата се чувствувал мирис на гас во производствениот дел каде што подоцна дошло до експлозијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се сопственикот и двајца раководители по…
Полицијата во Трикала во вторникот ги уапси…
Брод со мигарнти се преврте во Грција,…
Грчките власти пронашле тело на 4-годишно момче…
Мицкоски: Градиме еден гасен интерконектор со Грција,…
Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична…
Грција е воздржана за „Советот за мир“…
Грција ќе ја следи позицијата на Европската…
Грчките земјоделци ги прекинуваат блокадите
До петок се очекува повеќето, ако не…