Запленети 150 кг марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе

t

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК вчера донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Откако двајца од осомничените набавиле наркотична дрога-марихуана, ја сместиле во ПМВ со странски таблички кое било купено за таа намена. Потоа го ангажирале третоосомничениот чија задача била со шлеп служба возилото со дрогата да го транспортира од Струга до Свети Николе.

Транспортот се реализирал на 26.1.2026 година при што двајцата осомничени биле претходница на шлеп возилото. Околу 22.30 часот на регионален пат во околина на Свети Николе од страна на полициски службеници биле запрени двете возила и при преглед во возилото што се транспортирало со шлеп службата во багажниот простор и задната клупа биле пронајдени 8 торби со наркотична дрога – марихуана, спакувана во 50 пакувања со вкупна тежина од 150, 0394kg.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерки за обезбедување присуство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог што судијата го прифати и со Решение им определи мерка притвор на тројцата осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и…

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за…

Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…

На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…

Велешанец излегол на викенд од затвор, полицијата…

Велешката полиција привела затвореник, кај кого нашла…

Струмичката марихуана сопственост на локални функционери на…

Неофицијално голем дел од вчерашната заплена на…