72-годишна жена од Штип измамена за 2.600 евра

t

На 28.01.2026 во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…

Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…

Утре ќе нема струја до 14:30 часот…

Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…

Tоварно возило прегази велешанка

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…

Утре без вода делови од Маџари и…

Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со…

Уапсен е 17 годишник – силувал 15…

МВР информира дека вчера попладне во 16:00…