ЕУ се смилува – Николоски: Возачите се прифатени како професионалци

t

Брисел ќе донесе Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, објави на Фејсбук, министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

„Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме.

После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.

Во прилог најзначајниот дел од неа.

Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем!“ – напиша Николоски.

Во делот од најавената Стратегија што го објави Николоски, а кој се однесува на „Намалување на сложеноста“, пишува:

„Во моментов, законодавството на ЕУ дозволува престој во Шенген-зоната до 90 дена во период од 180 дена за патници кои не бараат виза и за оние на кои им е потребна виза. Секој престој подолг од 90 дена бара долгорочна виза или дозвола за престој издадена од земја-членка. Сепак, некои професионалци од трети земји кои во голема мера зависат од мобилност меѓу земјите-членки – како уметници на турнеи, спортисти кои учествуваат на спортски настани, експерти што работат на прекугранични проекти, работна сила што ги поддржува индустриите и услугите во ЕУ или возачи на камиони што опслужуваат бизниси во ЕУ – можеби ќе имаат потреба од пристап до различни земји-членки повеќе од 90 дена во период од 180 дена, без да им е потребна долгорочна виза или престој во ЕУ. Ова создава комплексен систем, кој дополнително се усложнува поради постоењето на билатерални договори склучени од некои земји-членки пред стапувањето во сила на Шенгенскиот правен систем (acquis). Овие договори им дозволуваат на државјани од одредени трети земји да престојуваат подолго од 90 дена, но само на територијата на конкретната земја-членка, со што се поткопува унифицираната примена на Шенгенскиот правен систем“.

Во нацртот се додава дека Европската комисија тесно ќе соработува со земјите-членки за да идентификува практични решенија за овозможување продолжени краткорочни престои за избрани категории државјани од трети земји, обезбедувајќи безбедносна и економска корист за Унијата, како и правна јасност за патниците.

„Овие размислувања исто така ќе ја разгледаат можноста за воведување ново законодавство со специфичен сет на правила за продолжен краткорочен престој на ниво на ЕУ. Во овој контекст, Комисијата ќе го преиспита влијанието на постојните билатерални договори кои дозволуваат продолжени престои, со цел постепено да ги укине“,се наведува во документот.

Транспортните превозници од Западен Балкан пред четири дена поставија камиони на граничните премини кон земјите од Шенген-зоната, барајќи Европската Унија (ЕУ) да го измени правилото за електронска евиденција за престој на превозниците во зоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ се смилува – Николоски: Возачите се…

Брисел ќе донесе Стратегија за визи која…

Анкета: Сѐ повеќе граѓани се за членство…

Поддршката за членството на Северна Македонија во…

Доларот падна на ниво од пред четири…

Доларот се сруши на нивоа од пред…

171 милион евра од ЕУ за Западен…

Европската комисија објави поддршка во износ од…