Транспортните превозници пред одлука откако Брисел најави стратегија за визи
најавата од Европската комисија – со новата стратегија за визи да се разгледа поголема флексибилност за престој на возачите на камиони од Западниот Балкан во унијата, асоцијацијата „Макам-транс“ одлучува за идните чекори на превозниците од државата, кои со колегите од Западен Балкан четврти ден го блокираат товарниот собраќај кон шенген-зоната..
Претходно, министер за транспорт Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот на превозниците …
„Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е она што го баравме. По протестите и силната офанзива изминатиот период, Брисел ќе донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.“
Од Европската комисија пак велат дека со новата стратегија се предлага поголема флексибилност за превозниците но и дека кај новиот систем за влез и излез од Унијата и натаму останува на сила можноста за престој до најмногу 90 дена во период од 180 денови…
Транспортерите од Македонија, Србија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина , на почетокот на неделава почнаа со блокада и побараа да бидат изземени од новиот систем за контрола на влез и излез во ЕУ , поради кој велат дека се соочуваат со економски штети и депортации…Првичните процени на коморите се дека дневните загуби за регионот само кај извозот изнесуваат 100 милиони евра, а веќе се алармира и за последиците со недостиг на одредени увозни производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…
Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…
Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…
Млада бремена жена вчера била убиена, а…