Не затаил системот во комбето: Возачот е крив за трагедијата во Романија – еве ја причината!
Токсиколошкиот извештај по тешката сообраќајна несреќа што се случи во Романија откри вознемирувачки информации. Институтот за судска медицина во Темишвар потврдил дека возачот на минибусот, кој се судрил со камион, имал канабис, кокаин и алкохол во крвта. Во трагедијата животот го загубија седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК.
Информацијата ја соопшти портпаролката на Обвинителството при Судот во Лугој за романската новинска агенција АГЕРПРЕС. Според обвинителката Берта Константинеску, анализите недвосмислено покажале присуство на две психоактивни супстанции, како и алкохол, што сериозно го отвора прашањето за состојбата во која се наоѓал возачот во моментот на несреќата.
Дополнително, при претресот на возилото биле пронајдени две кесички со сомнителни супстанции за кои се претпоставува дека се психоактивни. Нивната точна содржина сè уште е предмет на лабораториски анализи. Случајот го води криминалистичката полиција од Лугој, во координација со Обвинителството.
Државниот секретар во романското Министерство за внатрешни работи, Богдан Деспеску, изјавил дека за време на истрагата и обдукцијата биле идентификувани забранети супстанции, но конечните резултати ќе следат по целосната експертиза.
Истрагата продолжува, а јавноста очекува одговорност за трагедијата што ја потресе и Романија и Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…