Сиљановска-Давкова: Измените на Кривичниот законик ги потпишав како транзициско решение за да се избегне правен вакум
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека измените на Кривичниот законик ги потпишала како транзициско, привремено решение, со цел да се избегне создавање правен вакуум, имајќи предвид дека дел од постојните одредби биле на работ на уставноста.
Таа посочи дека, иако имала забелешки на одредени решенија, по образложенијата од Владата и предлагачите, како и поради широката поддршка во Собранието, вклучително и од опозициската СДСМ, одлучила да го потпише законот.
Според неа, измените претставуваат подобрување во однос на оние од 2023 година, особено во делот на проектот „Безбеден град“, полово и родово базираното насилство и построгите санкции за сообраќајни прекршоци.
Силјановска-Давкова нагласи дека овие измени ги прифаќа исклучиво како преодно решение, сè до донесувањето на новиот Кривичен законик, за кој очекува да биде усвоен во најкус можен рок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…
Сопственик на фирма за технички преглед на…
Управител на друштво за технички прегледи на…
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…