Македонија е рангирана на 114-то место по воена сила

t

Македонија е рангирана на 114 – место по воена моќ. Индексот на воена моќ се смета за 2,4956. Овие податоци произлегоа од меѓународната платформа „Глобал фајерпауер“ (GFP) која го објави годишниот ранг на воена моќ за 2026 година. Беа анализирани воените капацитети на 145 земји од целиот свет.

Рангирањето се базира на над 60 различни фактори, вклучувајќи го бројот на воени сили, копнено, воздухопловно и поморско вооружување, одбранбен буџет, логистички капацитети, финансиска состојба и географска положба на секоја земја.

Од земјите во регионот, Албанија е на 77-мо место, Грција на 30-то место, Бугарија на 62-ро место, Србија на 63-то место, Хрватска на 73-то место, Косово на 138-мо место, Црна Гора на 128-мо место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…

Сопственик на фирма за технички преглед на…

Управител на друштво за технички прегледи на…

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…