Објавено на:

„Се движи огромната армада кон Иран: Ќе видиме што ќе се случи следно…“

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека голема армада се движи кон Иран и додаде дека, според него, Иран сака да постигне договор.

„Имаме голема армада, флотила, како сакате наречете ја, која во моментов се движи кон Иран“, рече Трамп, додавајќи дека е „дури поголема од онаа што ја имавме кај Венецуела“, објави Ројтерс.

Кога беше прашан за плановите на Соединетите Американски Држави во врска со военото присуство во регионот, Трамп одговори дека „ќе видиме како сè ќе се одвива“.

„Бродовите мора да бидат некаде. Можат да бидат и во близина на Иран“, рече Трамп.

Тој, исто така, оцени дека ситуацијата во регионот е „многу тешка“. Во исто време, без да наведува детали, американскиот претседател истакна и дека Иран сака да постигне договор.

„Се надевам дека ќе постигнеме договор. Ако не, тогаш ќе видиме што ќе се случи“, заклучи Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во МВР возел без возачка и…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…

Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани…

Повеќе од два часа главниот град е…

Гори комбе во Кисела Вода во близина…

Гори комбе на улицата Ѓорѓи Сугаре, во…