Масовен колапс на електричната мрежа и недостиг на вода ја погодија Украина

t

Украинската електрична мрежа доживува масовни прекини во саботата откако „технички дефект“ предизвика прекин на електричните водови меѓу Молдавија, Романија и Украина, изјави украинскиот министер за енергетика.

„Денес во 10:42 часот наутро (08:42 GMT), се случи технички дефект, што предизвика истовремено исклучување на 400-киловолтната линија меѓу електричните мрежи на Романија и Молдавија и 750-киловолтната линија меѓу западна и централна Украина“, објави Денис Шмихал на Телеграм.

Во меѓувреме, Министерството за енергетика потврди дека вонредната состојба во електричната мрежа не е предизвикана од кибернапад. Најголемата приватна енергетска компанија во Украина, ДТЕК, потврди итни исклучувања на електричната енергија во Киев и околниот регион наутро. Инцидентот следува по повеќемесечната кампања на Русија насочена кон критичната инфраструктура на Украина, која нанесе сериозна штета на енергетскиот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…

Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…

Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…

Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…

Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…

Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…

Унгарија се очекува да го повлече ветото…