Европската Народна Партија во Загреб ја отвори дебатата за евентуален европски нуклеарен штит

t

На самитот на Европската народна партија (ЕПП) што се одржа во Загреб, главните лидери на централно-десничарската политичка група во ЕУ отворија сериозна дискусија за иднината на европската безбедност, вклучувајќи го и прашањето за можен европски нуклеарен штит.


На заедничката прес-конференција хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателот на ЕПП Манфред Вебер истакнаа дека безбедноста и одбранбените капацитети на ЕУ треба повторно да бидат на врвот на политичката агенда поради геополитичките предизвици, вклучително и војната во Украина.


Посебно внимание привлече прашањето за европски нуклеарен штит, идеја која претходно ја постави францускиот претседател Емануел Макрон и која сега повторно беше спомената како тема за потенцијално зајакнување на безбедносните гаранции на стариот континент, особено откако Франција, по Брегзит, е единствената нуклеарна сила во Европската Унија.
Покрај тоа, Вебер ја потенцираше важноста на институционалните реформи во ЕУ, вклучително и подобрување на механизмите на одлучување и солидарност меѓу земјите-членки, како и прашањето за членот 42.7 од Лисабонскиот договор кој се однесува на заедничка одбрана во случај на агресија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…

Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…

Не треба да се мешаат билатералните прашања…