СДСМ бара одговорност: Како пет тони дрога поминале преку Македонија и завршиле во Србија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Северна Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
СДСМ потсетува дека со денови алармира за поврзаност на криминални структури меѓу Македонија и Србија и посочува дека сè уште нема одговор за фотографиите на премиерот Христијан Мицкоски со лице означено како С.З., познат како Симе, кој, како што тврдат, бил уапсен во случај поврзан со дрога, оружје, муниција и големи суми пари.
Во соопштението се наведува и дека во судските постапки во Србија и Црна Гора се споменуваат таканаречени Sky-преписки во кои се говори за „шефот Оскар“, како и дека Соединетите Американски Држави носат Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против корупцијата и организираниот криминал.
„За ваков картелски скандал мора да има одговорност. Работата не е завршена и сите вмешани ќе одговараат“, порачуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…