Мицкоски отфрла можност за предвремени избори, Филипче убеден дека ќе има
Очекувам да продолжат авторитарните манири на власта во кои што нема слух за предлозите на опозицијата вели во интервју за Радио Слободна Европа претседателот на СДСМ Венко Филипче во однос на предлогот на премиерот Мицкоски за укинување на техничката влада. Филипче вели дека таа влада била донесена со консензус и дека за тоа треба да одлучат сите политички партии.
„Тоа треба да се одлучи врз основа на проценката на сите политички фактори со консензус, дали општеството е зрело да се укине техничката влада. Лесно е со две третини да правиш што сакаш. Прашањето дали си политички коректен, дали имаш слух за вистинските аргументи на другите политички фактори. Дали имаш слух за волјата, потреба на мнозинството граѓани и за иднината на државата. Оваа власт за жал нема“, изјави Филипче.
Премиерот Мицкоски со повторно објаснување, дека предлогот е на следните парламентарни избори да има техничка влада, но потоа да се укине. Тој рече дека откако Советот на Европа го укина постмониторингот за Македонија со тоа се укажува дека во земјава постои демократија и оттука техничката влада нема логика повеќе да постои.
„Тој механизам и тој инструмент беше во други времиња. Посебно сега откако Советот на Европа јасно кажа дека се укинува постмониторингот за Македонија тоа е јасна порака дека имаме владеење на право дека имаме демократија, дека како Влада имаме капацитет да спроведеме фер избори без разлика дали се локални или парламентарни или претседателски“, изјави Мицкоски.
Филипче смета дека власта нема да го издржи целиот мандат и е убеден дека ќе има предвремени парламентарни избори.
„Мислам дека сигурно ќе има предвремени избори согласно кризата која што не очекува, која што оваа власт практично ја генерираше. Дали е бидат на крај на оваа година, следната ќе видиме, но до 2028 нема да може да издржи вака“, кажа Филипче.
Мицкоски ја отфрла можноста за предвремени избори и рече од сегашен аспект нема таква намера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски отфрла можност за предвремени избори, Филипче…
Очекувам да продолжат авторитарните манири на власта…
Радев открива: Македонија барала Орбан да стави…
Поранешниот бугарски претседател Румен Радев во интервју…
Мило Ѓукановиќ: Ако го сретнете пред мене…
И поранешниот претседател и премиер на Црна…
BBC: Поранешниот британски принц Ендру обвинет за…
Една од наводните жртви на Џефри Епстин…
Криптопазарот без здив: Биткоинот го бележи најдолгиот…
Биткоинот поминува низ еден од најтешките периоди…