Затворен патниот правец Удово – Валандово поради излевање на река

t

Патниот правец Удово – Валандово е затворен за сообраќај од утринските часови, од 05:25 часот, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Причина за прекинот на сообраќајот е излевањето на Калковска Река на коловозот, поради што движењето на возилата на оваа делница не е дозволено.

Сообраќајот се пренасочува по алтернативниот патен правец преку селото Марвинци кон Валандово.

Од АМСМ информираат и дека поради појава на магла има намалена видливост до 100 метри на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, поради што се препорачува внимателно управување со возилата.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. На повисоките места се забележуваат остатоци од кашест снег, по извршените интервенции на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: „Прво Гостивар, сега Валандово – кој…

СДСМ преку соопштение оцени дека случаите со…

ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА АРСЕН ВО ВОДАТА ВО…

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува…

(Фото) УШТЕ ЕДЕН ТОН МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТ ВО…

Уште еден тон дрога денес е запленет…

Затворен патниот правец Удово – Валандово поради…

Патниот правец Удово – Валандово е затворен…

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа…

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против…