Уапсен полицаец од Делчево кој возел без возачка дозвола – му го одзеле и возилото

t

Лишен од слобода полициски службеник од Делчево кој возел без возачка дозвола.

Како што информираат од МВР, утрово (02.02.2026) во 06:45 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.Д.(23) од село Тработивиште, делчевско.

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.

„Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен полицаец од Делчево кој возел без…

Лишен од слобода полициски службеник од Делчево…

Две измами врз стари лица за лажни…

На 30.01.2026 година, во СВР Штип биле…

Битолчанец отишол во ноќен клуб со пиштол…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Г.(27)…

Седум лица се повредени, меѓу нив и…

Кај кичевското селото Подвис пред полноќ се…

Гостиварец го нашол вујко му мртов во…

Гостиварската полиција вчера регистрираше трагичен случај во…