Дачиќ: Не е точно дека властите сакале да ја сокријат информацијата за заплената на 5 тони марихуана
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес ги демантираше тврдењата дека властите сакале да ја сокријат информацијата за заплената на пет тони марихуана во близина на Крушевец, оценувајќи дека полицијата не се интересира за нечија политичка припадност.
Тој, гостувајќи на телевизија Пинк, изјави дека новинарите биле присутни кога се случила заплената и дека таа телевизија имала „ексклузивни снимки од терен“.
„Да некој сакал нешто да сокрие, сигурно не би ги повикал новинарите“, рече Дачиќ.
Според неговите зборови, сите полицајци кои учествувале во акцијата треба да бидат наградени затоа што „ги спасиле децата од труење“.
Министерот наведе дека марихуаната била спакувана за дистрибуција и дека веројатно била испратена во Србија од Македонија или Албанија, но дека со истрага ќе бидат утврдени сите детали.
Дачиќ додаде дека во акцијата не учествувале странци, туку само српската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…