Доктори од софиската болница „Пирогов“ добија признание од македонската амбасадорка за лекувањето на повредените од пожарот во „Пулс“
Лекари од Универзитетската болница за активен третман и итна медицина „Н. И. Пирогов“ во Софија добиле признание од амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, објави болницата на својата веб-страница.
Признанието е за лекувањето на најтешко повредените во трагедијата во Кочани во март 2025 година. Амбасадорката Поповска му го врачила признанието на директорот на „Пирогов“ – д-р Валентин Димитров, кој ѝ се заблагодарил на амбасадорката за вниманието и признанието и уверил дека болницата е секогаш достапна за сите пациенти на кои им е потребна високо специјализирана нега.
За време на посетата на болницата, Поповска се сретнaла и со лекари од Клиниката за изгореници и пластична и реконструктивна хирургија, нагласувајќи го придонесот на тимовите на „Пирогов“ за преживувањето и закрепнувањето на сите хоспитализирани во болницата по големиот пожар. Лекарите ја информирале амбасадорката за моменталната состојба на пациентите кои сè уште продолжуваат да го посетуваат „Пирогов“, по определен распоред.
Во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ лани во март, повеќе од 55 лица загинаа, а повеќе од 160 беа повредени, при што 14 од повредените беа пренесени во Бугарија на лекување. Осум од нив беа хоспитализирани во „Пирогов“, а останатите во болниците во Варна и Пловдив. По нивното сместување во болниците, Бугарскиот Црвен крст организираше акција за дарување крв за да им помогне на повредените, во која учествуваа речиси 1.000 крводарители од целата земја. Кон средината на мај 2025 година, последниот од осумте примени во болницата беше отпуштен од „Пирогов“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктори од софиската болница „Пирогов“ добија признание…
Лекари од Универзитетската болница за активен третман…
Шилегов бара запирање на судењето за Пулс…
Петре Шилегов, бранител на еден од обвинетите…
Еврото официјално единствено средство за плаќање во…
Бугарија официјално го воведе еврото како единствено…
Левот веќе не е официјално платежно средство…
Од денес, 1 февруари, левот повеќе нема…
Последен ден на левот во Бугарија, од…
Денес е последниот ден кога продавниците, малопродажните…