„Сè беше легално и со дозволи“: Детали за проектот кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин

t

Македонија била вклучена во проектот кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин, но целата постапка се одвивала легално, вели поранешниот директор на Институтот за судска медицина во Скопје, Алексеј Дума за ДВ.

Во најновите документи објавени од американското Министерство за правда, поврзани со Епстин — осуден за трговија со малолетни лица и сексуални злоупотреби — се споменува и Македонија. Станува збор за електронска порака испратена до Ике Гроф, основач на инвестициската компанија „Турмалин партнерс“, во која е пренесено новинарско истражување на „Блумберг Бизнисвик“ од Синтија Кунс и Роберт Лагрет.

Во рамките на проектот, американски научници поврзани со Универзитетот „Колумбија“ создале голема банка од човечки мозоци наменета за истражување на самоубиства, шизофренија и други психијатриски нарушувања. Колекцијата брои околу 1.000 мозоци – дел од лица што извршиле самоубиство, а дел контролни примероци.

Во овој контекст се спомнува и Македонија, која придонела со примероци. Во извештајот се наведува дека мозоците биле земани по смрт, веднаш замрзнувани и транспортирани во САД под строга контрола, каде биле архивирани и означени со QR-кодови. Постоеле строги протоколи: мозоците патувале во контролирани услови, спакувани во специјални садови и складирани на -80°C.

Професорот Алексеј Дума, поранешен директор на Институтот за судска медицина во Скопје за ДВ објаснува колкав број примероци и за какви цели биле испратени од Македонија во САД.

Дума: Тоа беше најголемиот меѓународен проект во кој учествувавме
Дума во изјава за Дојче веле објаснува дека станува збор за меѓународен проект, во кој земјата била вклучена со испраќање на 10 до 15 примероци. Процедурата на испраќање на примероците во САД се одвивала под многу строги правила и контроли. Секој примерок морал да има одобрение од македонскиот и американскиот Етички комитет.

„Примероците најлегално патуваа со авион, поминуваа царина и за нив имаше целосна документација. Без дозвола — примерок не можеше да влезе во САД“, дециден е Дума, кој ја отфрла можоста за профит од целата постапка.

Тој исто така нагласува дека бројката од 1.000 мозоци не се однесува на македонски примероци, туку на целата колекција од повеќе земји. Македонија годишно давала околу 10–15 примероци.

„Ако се има предвид дека годишно имавме по 300 до 350 обдукции од сите сфери, прашање е колку од нив починале поради самоубиство. На крај бројката се сведува на 10-15 случаи“, вели Дума.

Тој не се сеќава дали во тоа време била потребна дозвола од семејствата за интервенцијата, или само согласност на Етичкиот комитет и писмо на информираност.

Реклама

Улогата на Горазд Росоклија
На страницата на американската Национална библиотека за медицина е објавен документ на МАНУ од јули 2014 година со автори Горазд Росоклија, професор на Универзитетот „Колумбија“, Алексеј Дума, поранешен директор на Судска медицина, и Ендру Џ. Дворк. Во документот е опишана повеќегодишна соработка помеѓу Универзитетот „Колумбија“ и Институтот за судска медицина во Скопје, која започнала во 1996 година со цел да се проучуваат мозочни промени кај шизофренија и самоубиства.

Горазд Росоклија се споменува како главната врска меѓу Универзитетот „Колумбија“ и македонските институции. Тој често патувал во Македонија, ги организирал административните процеси и бил клучен за одобрување на извозот на биолошки примероци.

Во 2010 година медиумите објавија дека вонредниот професор по психијатрија на Универзитетот Колумбија, д-р Горазд Росоклија, активно работи на отворање на центар за психијатриски заболувања во Македонија — прв од овој тип, со цел да обезбеди прецизна дијагностика и современи методи за истражување.

Во интервју за Гласот на Америка, Росоклија тогаш посочува дека е и иницијатор на проект финансиран од Националниот институт за здравје на САД (NIH), за отворање центар за електронска микроскопија во Македонија. Центарот требало да овозможи изучување на ултраструктурата на мозочно ткиво кај пациенти со шизофренија.

Резултати и значење на проектот
Професорот Дума, од оваа временска дистанца, вели дека добиле интересни податоци за шизофрените и нивната поврзаност со самоубиствата. „Нашиот дел беше да се работи морфологијата – дали има некакви промени на мозокот коишто се карактеристични за самоубиствата. Понатаму друг универзитет работеше на изнаоѓање на лекови.

Дума е дециден дека проектот донел значајни научни резултати:

развиени се методи за препознавање морфолошки промени кај самоубиства;
добиени се нови сознанија за врската меѓу шизофренијата и самоубиствата;
резултатите биле користени во бројни меѓународни истражувања;
Македонија добила опрема, лаборатории и можност за докторски студии за млади научници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сè беше легално и со дозволи“: Детали…

Македонија била вклучена во проектот кој се…

Поранешен кинески министер осуден на доживотен затвор…

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг…

Мицкоски: Украденото мора да се врати на…

Денеска ги поставуваме темелите за систем во…

За пиротехниката доаѓаше човек од Скопје, но…

Пожарот во „Пулс“ настана од пиротехниката. Огнот…

Ќе растат платите само во администрација? УПОЗ…

Синдикатот на УПОЗ потврди дека в четврток…