Миноски: Подигнувањето на прагот за ДДВ е клучно за опстанок и раст на малите бизниси

t

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во својата последна анализа укажува на итна потреба од ревидирање на даночната политика во Македонија преку подигнување на прагот за регистрација за ДДВ. Според него, сегашниот праг од 2.000.000 денари (околу 32.000 евра) е значително понизок во споредба со земјите од регионот, што претставува кочница за микро и малите претпријатија.

Миноски посочува дека во Србија, Хрватска и Словенија овој праг изнесува околу 60.000 евра, додека во Албанија е дури 80.000 евра. Со оглед на тоа што 97% од фирмите во земјава се микро и мали бизниси, тој смета дека повисокиот праг ќе им овозможи на претприемачите поголем простор за развој без оптоварување со сложени административни процедури.

„Подигнувањето на прагот за ДДВ ќе значи намален притисок за користење краткорочни кредити, поголема ликвидност и повеќе простор за инвестиции во иновации и повисоки плати. ДДВ се плаќа дури и кога фактурата не е наплатена, што е огромен товар за малите фирми“, истакнува Миноски.

Во однос на прашањето дали државата би изгубила приходи со ваквата мерка, Миноски тврди дека ефектот би бил спротивен. Тој објаснува дека државата ќе ги наплати средствата индиректно преку повисоки социјални придонеси и персонални даноци кои произлегуваат од растот на платите и зголемената потрошувачка.

„Со повисок праг ќе се избегне вештачкото делење на фирмите и прикривањето на прометот со цел да се остане надвор од системот на ДДВ. Тоа ќе доведе до поголема доброволна усогласеност и помал притисок врз Управата за јавни приходи (УЈП)“, додава тој.

Според него, економските политики често ги креираат луѓе кои не ги разбираат реалните предизвици на теренот. Миноски заклучува дека поддршката на претприемништвото е единствениот пат кон подобра економија и повисок животен стандард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…