Забрана за возење добија 101 возач на првиот ден со „Безбеден град“
Вкупно 101 забрана за возење е изречена вчера како резултат на прекршоците што ги забележал системот „Безбеден град“, на првиот ден на кој тој почна да изрекува казни, соопшти МВР.
„За минување на црвено светло констатирани се 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24. За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите“, пишува во полициското соопштение.
Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци, додаваат од Министерството.
Дополнително, денеска (02.02.2026) во 15:12 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.А.(42) од с.Шум, струшко. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „алфа ромео“ со струшки регистарски ознаки, при што е кое констатирано дека го управувал без положен возачки испит. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено.
Денеска, (02.02.2026) во 14:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.Е.(40) од с.Србица, кичевско. При сообраќајна контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки со брзина од 64 километри на час на место каде брзината е ограничена на 50 километри на час. При контролата, исто така, е констатирано дека лицето има изречено забрана за управување моторно возило од Б категорија. Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случаите против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а и член 300 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…
Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…