Денес се празнува Светиот апостол Тимотеј
Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински син во верата (2, 1 – 2). По маченичката смрт на Св. апостол Павле, Тимотеј го имаше за учител Св. Јован Богослов. Но кога царот Дометијан го прогони Јован на островот Патмос, Тимотеј остана да епископува во Ефес наместо него. Во времето на еден идолски празник наречен Катагогиум незнабожците, лути на христијаните, подмолно и под маски го нападнаа Свети Тимотеј и го убија (околу 93 година). Неговите чесни мошти подоцна се пренесени во Цариград и погребани во црквата на Светите апостоли до гробот на Св. евангелист Лука и на Св. Андреј Првоповиканиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите маченици Тријандафил и…
Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј…
Денес се празнува Преподобниот маченик Дометиј
Роден е во Персија како незнабожец, во…
Денес се празнува Светиот маченик Евсигниј
Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…
Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…
Во времето на царот Декиј имаше големо…
Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и…
Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под…